строг (прид.) - кон (предл.)

Оти речено е и за суровоста: оној кој е строг кон себеси, тој е благ кон другите, а оној кој, како Писмородецот е благ и попустлив кон себеси е суров кон ближниот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Иронична сум и строга кон критиките за мојот мил народ.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Орце „беше роден за водач, имаше еластично-заповеден дух“ и бил извонредно строг кон најмалите отклонувања или грешки на своите другари, дури кога тие биле направени несвесно или случајно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)