строг (прид.) - мајка (имн.)

Тетка ми Оце, којашто е прилично строга мајка, некако се имаше олабавено и сосема ми ја имаше мене препуштено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Едно време Дена фати на секои пет минути да прашува кога ќе стигнеме во тоа наше Маврово, па што има таму, па како е таму, па зошто е, па кој живее во таа наша куќа кога нас нè нема, и сè некои такви досадни прашања, на кои никој не ѝ обрнуваше внимание, па сите одговори ги очекуваше од мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)