стрмен (прид.) - рид (имн.)

Над некои стрмни ридови ме искачуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од килимот ѕвезди на небото, една ѕвезда се спушти, во небеската шир... оставајќи зад себе запалена лента ко искривена патека низ стрмниот рид.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Меѓу двете поминувања на камионите, наспроти забраните и заплашувањата, некои скришум се искачуваат до горе, до превалот и оттаму, гледајќи ја големата вода, а преку неа високите врвови на сивите планини, си шепотат во себе и покажуваат со прст еден на друг, велејќи: - “Ене, онаму е нашата дома”. 2 МАЛКУ НАСТРАНА, под стрмниот рид од кој постојано се ронат камењa, во дотраена барака, беа сместени падавичарите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Погледот никаде не стасува подалеку од стрмните ридови, а дозволениот простор за движење го обележуваат сенките на боровите и бреговите на двете рекички.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А во гората под стрмниот рид малечките планински нивчиња, во кои се жнееше, беа неправилно начичкани еднододруго како кутивчиња редени од невешта детска рака.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)