страшен (прид.) - збор (имн.)

Страшен збор, кој еднаш изговорен, засекогаш нѐ врзува и нѐ изедначува со сѐ она што сме, го замислиле и што сме го рекле и со кое никогаш не сме ни помислувале да се изедначиме, а всушност, во себе, одамна сме веќе едно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Под креветите стоеја сандачиња, извлечени по иницијативата на Александар Јаковлевич, кој сакаше воена поставка на работите, точно за една третина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Само еднаш, тој и Љуба успеаја да се најдат на “онаа моментална височина” каде како да светнале вистински страшните зборови на Љуба “Нашиот малечок син денес со топката го скрши огледалото”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сé во домот бр. 2 го зачудуваше окото со својата исклучителна скромност: и мебелот, составен исклучиво од клупи од парк, донесени од Александровскиот булевар, сега наречен со името “Пролетерски ударнички саботи”, и газиени ламби од пазарот, и самите ќебиња со страшниот збор “Нозе”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)