страшен (прид.) - глас (имн.)

Нека разбере секој таков, а особено нивните десетари, дека таквите ќе бидат обесени ошче утре на сретсело, а нивните деца и жени изгорени во нивните куќи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште коњите не смирени, од пајтонот изрипи средовечен господин, спортски облечен, со сива шапка на главата и црн бастун во рацете.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа тој го растрча својот бел коњ околу собраниот народ и со страшен глас се провикна: — Слушајте, луѓе и браќа!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Грабињаат двата сиви коњи како да се натрчуваа со самовилите, а двајцата луѓе викаат со страшни гласови: — Варда, варда конзул ефенди ѓелди, — и за миг се створија пред портата на Алимасковци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И навистина, по третиот, четвртиот камшик, како од земјата изникна Толе крај Кулета и со страшен глас изрева: — Зошчо и јадиш, бре песу, пците месата и коските да ти и јадат?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Или можеби сакате да ви дојде Милошевиќ!? - вели сосетката со страшен глас, внесувајќи ми се во лицето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но тој не стигнал ни да зине, кога таа удрила со бастунот по масата: - Слушајте, началниче, му викнала со страшен глас, - ако не го отпуштите веднаш оној некадарник, ќе летате и вие одовде...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но една ноќ започна да крчи, да збивта, да испушта страшни гласови како некој да го стега за грлото, да го коле.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Донесете го печеното месо и виното надвор, ќе ручаме на воздух, - викна со страшен глас.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Нѐ разбудија тие вознемирени, страшни гласови. Никој во спалните не спиеше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А тиран – крвник – пустија со страшен глас му извика...
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
XVI Меѓу луѓето сѐ повеќе се шират страшни гласови: Германците ќе го палеле селово.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Низ селото се ширеа страшни гласови.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И не ми веруваше, до последен час, дека на сите тие опасности постојано ме опоменуваа токму оние труби, и нивниот страшен глас, што навестува само смрт и ништо друго.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На крајот, по сè она што ќе се случи останува понекој искинат лист или список во кој за жал и не е сè забележано.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Само некои имиња, некои презимиња, а она, што е најжално, не постои никакво упатство: дали да се чува, кому да му се предаде, за што може да послужи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)