стратегиски (прид.) - план (имн.)

Во историјата на човештвото, големите победи на владетелите, кои често се претставуваат како резултат на генијални стратегиски планови, често биле резултат на чудните и случајни одлуки според нивните табиети!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од тие причини, Орме Сарџент во јануари 1945 година,побарал Британската влада да ги запознае Југославија и Бугарија со британскиот став во врска со преговорите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Постоеше јасен стратегиски план за привлекување и на православните Албанци со посредство на унијатството.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Разбирливо е што Британците не можеле да останат пасивни и индиференти во поглед на опасноста за нивните интереси од активирањето на "македонското прашање" и поради укажувањата за формирање федерација меѓу Југославија и Бугарија, со што се загрозувале британските стратегиски планови "во градењето на Грција и помагањето на Турција како балканска сила".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но и на поразените владетели? се огласи Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)