странски (прид.) - филмски (прид.)

Не сум јас мала, разбирам дека ти е таква работата, поврзана со одење на странски филмски фестивали, и не се бунам, трпам, те чекам да се вратиш, тешко ми е, ама, што можам кога таква мајка ми се паднала, да мора службено толку често да патува... ... – Е, како често? – ме прекина таа – најмногу два-три пати годишно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А, малку ли е тоа?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Замислата на директорот на филмот, кого можеа само да го замислат во некоја длабока фотелја на главниот град, од една страна - да се остави филмска документација на идниот гигантски хидроенергетски објект, а од друга - да се направи документарен филм, што ќе го склопат режисерот и продуцентот во монтажата, и кој не само што ќе се прикажува во сите кино-сали низ земјата како предигра на играните филмови, туку и достојно ќе нè претставува на сојузниот и странските филмски фестивали.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)