странски (прид.) - пропаганда (имн.)

Датира уште од времето кога во Македонија дејствуваа странските пропаганди, бугарската, српската и грчката.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Македонија и понатаму остана во составот на Турската империја и стана поприште на крвави буни и востанија и на уште поотворена и поожешточена борба помеѓу странските пропаганди - од една страна и од друга на уште погруби самоволија на императорските власти и беговите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Делењето на сојовите продолжи, тогаш беше и најсилно, и во времето кога во Македонија почнаа отворено да дејствуваат странските пропаганди.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На овој конгрес било усвоено ново име за Организацијата Внатрешна македонска одринска револуционерна организација (ВМОРО) и било постигнато привидно единство меѓу двете спротивставени страни.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во октомври 1905 бил свикан Рилскиот конгрес со цел да се разгледа целокупната активност на Организацијата, да се донесе нов Устав, да се осуди дејноста на странските пропаганди.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На тој начин, борејќи се за создавање на македонска самостојна црква и македонски училишта со народен јазик, македонскиот народ настојувал да ја зачува националната и културната самобитност.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Како резултат на тоа се појавил голем број на учебникари како на пример владиката Партение Зографски, Ѓорѓија Пулевски, Кузман Шапкарев и др., а нивните дела биле најсилното оружје против странските пропаганди во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Окупирани од сите страни! Замолчени од странските пропаганди и нивните балкански сојузници, ретко кој им веруваше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, и сега не е доцна и тоа треба да се подвлече и да се искористи како пример и за другите Грци населени во Македонија кои се служат со тој јазик, нешто што се користи од странската пропаганда со цел да се оспори грчкиот карактер на македонското население.” Прекина и ме праша: - Што разбра од ова?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)