странски (прид.) - новинар (имн.)

Дел од странските новинари прибежиште нашле во Турција, во градовите Истанбул и Анкара.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Странските новинари имаа целосни податоци за него и за козите, па сега чепкаа, според властите, таму каде што не треба.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По навлегувањето на германските војски, сите акредитирани странски новинари, заради својата сигурност, биле принудени да го напуштат Кралството Југославија и да заминат во соседните земји.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во Федерацијата првин беа резервирани кон странските новинари, но, на крајот мораа да попуштат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа јавност особено била ползувана, што било мошне важно, од конзуларните претставници и од странските новинари.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со тоа, во периодот од 6 до 10 април 1941 година, и поради прекинувањето на телекомуникациската мрежа, Кралството Југославија била отсечена од надворешниот свет.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во овој контекст треба да се разгледува и ситуацијата во Вардарска Македонија, која била во рамките на Кралството Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)