странски (прид.) - дипломат (имн.)

„И?“ Можеше да игра фарса - да ни каже дека некој странски дипломат измолил да ги пуштат неговите деца, него и жена му, а самиот тој е немоќен да стори што и да е за спас на други луѓе; можеше да игра фарса, но тоа не беше негов жанр.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Критичните настани во Македонија, судирот кој се закануваше да заземе пошироки димензии и вмешаноста на странските дипломати, не престануваа да го предизвикуваат вниманието на Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Седнат на златниот престол во најсвечена облека, со голем турбан на главата украсен со најскапоцени дијаманти, во долга свилена долама, со златно извезени пантовки на нозете, седеше старец од шеесетина години достоинствено и гордо ги примаше пријавените од Великиот везир странски дипломати.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Ми дозволија да направам список на луѓе кои ми се блиски, кои би заминале со мене од Австрија,“ рече.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имено, Маша Русланова сошила фустан кај што шиела и жената на некој странски дипломат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ракописот го прочита и Едгар Морен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)