стар (прид.) - скопски (прид.)

Од левата страна на бујната и пенлива река Вардар е старото скопско Кале.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој сакаше да му предложи на Татко потрагата по заемките на занаетите и занаетчиите да ги побараат, такви какви што останале, во старата скопска чаршија до денешни дни: бакалите, берберите, бичкиите (ножарите), бозаџиите, бостанџиите, гајдаџиите, дограмаџиите, јорганџиите, казанџиите, калајџиите, касапите, кондураџиите, папуџиите, кујунџиите, терзиите, џамџиите и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски губеше трпение дека ќе може да стигне да ги опфати сите заемки за кои се ангажира да ги набележи на следната средба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)