стар (прид.) - италијански (прид.)

Ако погледнеш од горе, гледаш само црневица од забрадени, бабуњосани, свиткани и стуткани сенки како врват со наведнати глави и со одвај видлив чекор, една до друга покрај казаните и, без да погледнат во чинијата, во војничката наполу ‘рѓосана порција, во бакарното котленце, во исчаденото тенџерче, во лименката од празна конзерва, тргнуваат со уште порастреперен чекор кон своите рогозини во старите италијански коњушници во кои никој не успеа да го сотре мирисот на коњската моч.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во стари италијански порции ни тураа жешка супа - понекое зрно ориз и многу зеленило.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во Мајкините реликвии, во малиот ковчег, покрај каталогот на римската стоковна куќа Ла Ринашенте, од пролетната мода на Италија, неколкуте стари италијански весници, стари фотографии, трите заборавени знамиња, се наоѓаше и врската со клучевите од напуштените куќи крај морето и крај езерото, како и едно старо посребрено огледало кое го наследила од мајка си која никогаш не ја видела.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И тие нас, бездруго, нѐ гледале, со други дурбини, првин руски, па кинески, стари италијански дурбини, од времето на војната, вешто сокривани.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Други скраја од огнот, исполегнати на камениот црковен под и покриени со старите италијански и англиски шинели, спијат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На гол под лежат и спијат непознати девојки, покриени со стари италијански излитени војнички ќебиња.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега Прењес тоа не е мувлосани стари италијански војнички бараки, магазини и коњушници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)