стар (прид.) - добар (прид.)

Од друга страна пак, да можам денес, со помош на некоја сѐ уште неусовршена технологија, да му појдам во пресрет, со какво задоволство би му позајмувал пари, или уште повеќе, би излегувал со него на пиво и би муабетел за старите добри времиња?
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Криминализацијата на дрогите носи големи профити, колку и апсурдно да звучи, старата добра логика со помош на проста математичка операција наречена статистика ќе ни докаже многу лесно дека пазарот на дроги е регулиран токму од оние центри на моќ кои водат цели кампањи за борба против дрогата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Беа тоа се стари добри стрипови од 50-те и стари MAD магазини...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Таткото на нацијата, одбиваше да се слика со дигитален апарат и инсистираше неговите фотографии да бидат црно – бели, како во старите добри времиња.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Го враќам минатото: провокаторот е закопан на многу места во куќата - дел од оние стари добри пегли со јагленосано загревање, дел од радиото чиј механизам го однесоа во вреќи црни и парталави собирачи на старо железо, дел во дупката на подот во која ја чував Неговата слика.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но, според старата добра навика, примена од деда си, се спушти прво до поточето што гргореше на дваесетина чекори под колибата, од нејзината југоисточна страна, и десетина пати се плисна по лицето со студена вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој ден, Битола како повторно да се врати во старите добри времиња од преминот на 19тиот кон 20 век, кога беше еден од најважните градови на јужниот дел од балканот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Го враќам минатото: провокаторот е закопан на многу места во куќава - дел во оние стари добри пегли со јагленово загревање, дел во радиотот чиј механизам го однесоа во вреќа црни и дрипави собирачи на старо железо, дел во дупката на подот во кој ја чував Неговата слика.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Знаеше дека среќата треба да ја примамиш со својата внатрешна среќа, дека среќата бара да ѝ постелиш среќа за основа за да долета кај својата стара добра пријателка, внатрешната радост.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)