стар (прид.) - чун (имн.)

Но од сеќавањето никако да ни се избришат спомените, сликите од првото и последното патување, кога со еден стар чун, воден од еден верен татков пријател, како во Ноев ковчег ја минувавме границата, го напуштавме нашиот прв рај на детството не разбирајќи ги татковите причини за ова ненадејно заминување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Стариот семеен пријател, Гури Порадеци, како капетан на загубениот кораб, нѐ успокојуваше, кажувајќи ни дека и старите чунови, кога ќе им дојде крајот, исчезнуваат како и луѓето...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Езерото по кое бродеше стариот чун, осветлуван од месечината ни остана во сеќавањето големо како море, што со текот на времето, во спомените стануваше уште поголемо, океан.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)