стар (прид.) - чаршија (имн.)

Со Солун како да се судриле Ориентот и Западот, па овој белег е присутен на секој чекор, преку бројните ахчилници, ориенталските слатки, а најмногу во старата чаршија, на дното од прочуената европска солунска улица „Цимиски“, каде што уште во еден агол сѐ стои така, како што било уште во „турско“ - стари дуќани и магазини со ќепенци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Камилски живна, стана од своето место, го поклопи големиот речник пред себе и рече: Во право си, пријателе, животот останува првата и последна проверка за вистината...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во старата чаршија, имаше и немалку дуќани и стари градби градени со ќерпич, односно со сушени тули, а не со печени цигли.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога конечно ќе ја прочиташе според него вистинската книга, а таа беше секогаш последната, според распоредот на рафтовите во библиотеката и редот на читањето што само за него имаше некакво посебно значење, тој ќе си ја ставеше старата излитена вратоврска и црната паларија донесени уште од Цариград и излегуваше во старата чаршија да се види со своите најблиски верни пријатели со кои играше балкански покер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше пладне, низ старата чаршија прозвучи повикот на музеиниот на молитва.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе ги оставиме речниците. Ќе излеземе во стариот дел на градот, по тврдината, во старата чаршија да видиме дали уште живеат османските заемки!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така мораше да се случи и со газдата на арабаџиите и покрај релативно поволните информации што ги доби за него верскиот поглавар Афз Б од доверливи извори од старата чаршија и од оџата на најголемата џамија во градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На периферијата од градот, северозападно од Метрополата, во Дренок, Ниротакис имаше фабрика за текстил (таа беше специјализиран оддел што ги опслужуваше неговите фабрики во Пробиштип и Виница), а Авни својот бизнис го тераше во златарата “Карат”, впечатлива по мермерната фасада, во непосредна близина на фонтаната “Ангел”, во центарот на Старата чаршија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Лутавме таа зима низ старата чаршија.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Зар таа наша стара чаршија не е демократска, најдемократска асоцијација, зашто го почитува секој, па и најнемоќниот член?, се обидов да го заинтригирам кураторот, но тој веќе се заврте кон поинтересен соговорник.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Од пазувите на актерот повремено се слупа рапаво кавкање, како да се накашлува актерот, кој инаку зборува со длабок глас.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Дури најдов за потребно два-три пати да потчукнам со железцата на петите по калдрмата на Стара чаршија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не можам да разберам што ги тера луѓето да си ги кријат бакнувањата - беше нејзиниот сега веќе поотворен коментар проследен веројатно и со невина насмевка што можев само да си ја замислам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А, газози има, веројатно, само уште на Бит-пазар. За едно големо чудо, дедо мошне вешто се снаоѓаше низ заплетканите улички на Старата чаршија.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Воопшто не ми се спиеше иако бев изморен од претпладневното шетање низ Бит-пазар и Стара чаршија.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)