стар (прид.) - фотографија (имн.)

Во еден од долапите, во една речиси незабележителна фиока Рада пронајде цел сноп уредно средени изветвени стари фотографии.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Почекај барем да свртам - ми подвикна, но јас веќе гласно коментирав една од старите фотографии: Погледни!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се отшетав со книгата во едната, и чашката виски во другата рака.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тој човек – тревка на старата фотографија, предаден на моментот и на себе си, како впрочем и сите тие непознати судбини, фатени во еден миг на својот, за мене недофатлив, живот, го засилија во мене чувството за неповторливоста на допирот, звукот, мислата.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Само од една многу стара фотографија што којзнае како ја сочувала Еца (Христина ја викаа така) од која едвај може да му се види ликот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Морам да признаам, ги сакам старите фотографии.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Оти ноќе, старите полицајци (така ги викам) иако дедо ми се лути и вели дека е поправнилно да ги нарекувам Удбаши, според името УДБА што е кратенка за некогашната Управа на државна безбедност каде што работеле по војната), раскажува необични случки, потсетувајќи се на своите млади години, разгледуваат стари фотографии на кои дедо ми беше облечен во кожен мантил, имаше многу густи и црни мустаќи и изгледаше необично строго.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во тој момент погледот ми отиде налво од таа нејзина Блажена Девица Марија, кон една стара фотографија.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се враќаат обезбедомените за да се одомат, се збираат растурените, се пребројуваат, чекаат, се надеваат, долекуваат рани, доболедуваат болки, вртат стари фотографии, се присетуваат, намнисуваат, спомнуваат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од ранецот го извлекувам албумот што со години го дополнувам со стари фотографии.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од распаднатиот куфер го извлеков само она што не беше мое, и го ставив меѓу левата града и градникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Извлеков само една стара фотографија од албумите – на неа бевме ние сестрите, нашите браќа и нашите родители, и ја ставив меѓу десната града и градникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Напати, баш како и сега, на Улицата на стариот цвеќар во Истанбул, се прави трампа на стари фотографии и пожолтени сни и педантно се сортираат сите биле-поминале гушки.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Во Мајкините реликвии, во малиот ковчег, покрај каталогот на римската стоковна куќа Ла Ринашенте, од пролетната мода на Италија, неколкуте стари италијански весници, стари фотографии, трите заборавени знамиња, се наоѓаше и врската со клучевите од напуштените куќи крај морето и крај езерото, како и едно старо посребрено огледало кое го наследила од мајка си која никогаш не ја видела.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)