стар (прид.) - стил (имн.)

А кога во 1941-та, на сам ден Благоец, 24 април стар стил, фашистите ја завојуваа Потковицата, него, меѓу првите, го собраа војска, а кога, пак, го пуштија од војска, го поставија да биде писар во општината во Тополчани и го вооружија со пиштол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Божем да се бранел од комунистите, а всушност го направија кодош, па тој и тогаш се однесуваше кабадаиски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
9. Илинденското востание е објавено на 20 јули 1903 год. по стариот стил, т.е. на 2 август по ново.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Црепните почнуваа да ги газат, на Руса Среда, 14 април стар стил, но тоа беше само отварање на црепнарската сезона.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој мораше да биде подложен на операција и јас видов една ампутација во стар стил. И сѐ што оди со неа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Вистинското правење црепни отпочнуваше првиот ден по Преображдење.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Колку и да се овие нешта шокантни, јас можев да ги поднесам.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)