стар (прид.) - ракија (имн.)

На шестото новороденче во таа година црните подбивачи сакаа да му дадат име Сирак, но попот го запиша во црковната книга како Никита Марко Проказник, на задоволството на Јага Перуника, им се тргаше од пат на разубавените селанки и со стара ракија во бокалче пред себе му раскажуваше на најстариот, на Богдан Јанков со козји уши и со господови тајни во себе, за природата, за Чарли Краков, за гасениците.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тие малку се одморија, се погреаја на огнот, пивнаа по две-три голтки од дедо Димовата стара ракија, па го почнаа напорното качување кон Гола Глава, кон колибата на дедо Иван.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)