стар (прид.) - поп (имн.)

Чинете гајрет да отидеме живо до Стамбол, белким таму ќе се разбистри работата, – не престануваше да ги теши стариот поп Димитрија. Но далеку беше Стамбол.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Така беше адет тогаш: кога се прави нов поп, сите пријатели да го поткрепат за да се приближи и тој до старите попови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стариот поп Васил, му пријде со растреперен чекор, со коскените раце го фати за рамо и со скршен глас му рече: - Држи се брате и синко Ѓорѓи... - попот не се доискажа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Умреа стариот поп Трајко уште постариот поп Стево и поп Димитрија, и целото село, коешто хранеше четворица попови, му остана нему сам да се башкари.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стариот поп Трајко, како стар човек и вреден слуга божи, секоја недела става рано.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)