стар (прид.) - песна (имн.)

— Си ја почна старата песна Крле и стана да ја бастиса старата маска, којашто започна да скубе некоја уст од Каматникова 'рж.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Право да ви кажам: малку сум и лута на учителката по виолина која не ми кажа со време што да правам кога меѓу знаците на нотниот пулт ќе ми слета некоја волшебна птица сета расчучулигана и распавтана со многу стари песни што не ги знае ни татко ми.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
На планот на забавата во Софија на удар се многу ресторани со музика, кои младите не ги поднесуваат затоа што во нив се пеат и свират стари песни и шансони.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа за кулата и за Далиборка е народна приказна која секој прашки граѓанин со специјален пиетет ја прераскажува, како и за народниот пејач што ја испејал „Старата песна“ која пее за љубовта...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во црвено вино и носталгичните стари песни, барам утеха и во празните зборови кои никогаш нема да му дадат смисла на моето реално постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А животот е постоење за некого, некого кого ќе го створиме, извајаме, ќе му дадеме живот, парче душа и топла и сигурна рака која ќе го води низ тунелите на истиот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сепак ги носеа обележјата на нивното велможје, ги славеа боговите кои населуваа сосем инаков свет од овој, ги пееја старите песни со зборови, кои, архаични, им се чинеа како цврста залога на некогашната моќ.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Краста (Обработувајќи го Цеце): Ова, момче мое, е стара песна!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тики оди до автомобилот и ја пушта песната.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ечи стара песна а ти ја надвикуваш без да отвориш уста.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)