стар (прид.) - патека (имн.)

Тој ден, кога намеравав да се качам на врвовите на Монмартр, предпладе, па и целиот ден, многу врнеше, па помислив дека на плоштатката нема да најдам никого од сликарите. затоа, вечерта се упатив по оние стари патеки од подножјето на Монмартр и пешки се качував по неколкуте стотици скали кон црквата „Сакр кер“ и отаде ми беше лесно да пристигнам до ова прочуено собиралиште на сликарите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од изворите натаму се следеше една стара патека која наместа се губеше и машината мораше да си прави наново терен за копање.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Значи повторно се враќаме на старите патеки за поделба на креветот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)