стар (прид.) - орев (имн.)

И додека тој, само по еднаш дозволувајќи му на секој селанец да ѕирне во мракот на неговиот свет, со скриено задоволство ја слушал и ја повторувал едноличната песна на камењата, луѓето чекале под стеблак на стар орев и го заборавале тврдиот пешник во тагарџикот од пресува козја кожа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Скриена под дебелите сенки на стариот орев, надвиснат над летниковецот, Јана со цигарче го густираше своето попладневно кафе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе прошетам и вистински по тој стар орев ако се вратиме некогаш во наше место, си ветив на себеси.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во зелениот сенчест црковен двор, под круните на старите ореви и чинари, вриеше од народ. Жени, деца, мажи, старци.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На воденичкиот ѕид секогаш висела долга кременарка со изрезбан кундак и ги поучувала копуците да не му се спротивставуваат кога ќе ги заборавел поранешните спогодби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тој навистина, додека Онисифор Проказник со уште двајца отишол да го земе скриеното оружје на оној бег и на неговите измеќари со кои се колеле во куќата на немата Ганка пред да влезат во Лесново, седнал под стар орев и умрел говорејќи, зачудо смирено и без страв, дека не умира од старост, дека на дружината крлешки ѝ се залепила црна чума или проклета утеха: болката го одбрала него за да ги предупреди дека ни најумниот не е достатно силен да ја победи: злото ни секира го сече, ни нож го дупи, ни можеш да го зграпчиш за уши и да го урнеш од карпа в бездна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се молел пред умирање Симон Наконтик. Луѓето, свикнати да измислуваат молитви, да се сожалуваат или да бараат сожалување, и не го слушале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)