стар (прид.) - куќа (имн.)

Сите како да бевме во некаков свет договор со тишината на старата куќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сред ноќ, низ отворениот прозорец на собата од старата куќа каде што спиев, и по неколкуте дена, ми се чини, доаѓаше мирисот од опожарената шума во планината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како да бил тоа сонот што го сонив ноќва во мојата стара куќа во Маказар, а не вистинскиот настан што го раскажувам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од чардакот на нашата стара куќа, која во последните години со жена ми Агна ја услагодивме за живот - го подредивме чардакот, ги сменивме диреците и веќе скапаните штици на подот, ги обновивме искривените рамки на прозорците, ги варосавме бело собите, ги урнавме, со голема тага, гнездата на ластовиците, ставивме тешка спорогоречка печка за топлење зимата, го проветривме тешкиот метален сандак кој го имаше задржано мирисот од пред седумдесет години кога бил донесен од Америка - гледам како се спушта пределот кон долината од чии млаки се креваат пасма пареа кон небото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Така, во една од улиците, кои сега се оформуваат, а која е паралелна од левата страна со главната, која целата е обновена, насреде стои стара куќа, која чека сигурно на уривање, но веројатно нерешените имотно-правни проблеми не допуштаат да исчезне.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И ако се влегува од кај „Виа Ѓургулу“ - а само низ оваа магистрала се влегува во Букурешт, кога се доаѓа од Русе - претставата за Букурешт, како за „мал Париз“, ја нарушува нераманата калдрма во улицата со стари куќарки, што го тера човека да се запраша дали навистина се наоѓа во прегратките на градот на градовите на Балканот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Колку згодни нозе имаше ќерка му на стопанот која севезден поттрчуваше кога се качуваше по мермерните скали на старата куќа во еврејското маало! (море, не ќе да поттрчуваше, таа беше ептен флегматична!?) И сѐ така, воздишки и исчудувања, колку извичници, толку прашалници.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Колку убави мермерни скали имаше старата куќа во еврејското маало и колку змиулесто беа поставени!
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Седиме со шпанските пријатели во бавчата на Старата Куќа и си ја ладиме душата раскажувајќи дамнешни преживеалици, барајќи лоши стихови во песните на некои наши колеги или мајчосувајќи му ја мајката на современиот тероризам и верски фундаментализам.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Напати, баш како и сега, од Улицата на стариот цвеќар во Истанбул, се фрла директен поглед на Параходот ми пристигна, сосе очите расплачени и устето насмеано, и баш тогаш повеќето цвеќиња молкум земаат починка до новото распупување коешто мигум ќе втаса, со секое вселување на нови спомени во старите куќи.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Откако му го изнесе својот план за отворање на училиште и му раскажа подробно за сè што направила и што мисли да прави, му рече: - Потребна ми е вашата стара куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Новата постројка, што ја градеше Аргир во Маџир-маало: реско се врежуваше сред испуканите и изгризени од времето стари куќи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со денови, со ноќи, откако извишија ѕидовите, Откако во правта околу нив, под нив Се препознаваше белиот малтер Измешан од сонце, од воздух, од дожд, Мајсторот дигаше, ги потпираше, ги врзуваше Греда по греда, штица по штица, Коваше брут до брут, клин до клин, Сѐ дури не се покажа костурот на покривот Сѐ дури не дојдоа сите да ја даруваат куќата, Сѐ дури не извиши таа повисоко од сите други куќи Од каде можеше убаво да се види месечината Како влегува низ отворениот прозорец И лази под постелата на заспаното детенце во старата куќарка.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Беше топло иако лилавиот превез на залезот ги покриваше полека старите куќи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
До еврејскиот крај стасавме брзо. Улица под старите касарни Кале стисната со груби и стари куќи - тоа ни беше целта.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Наоколу голи ридови, сив крш. Ниски, стари куќи, градени со камен и покриени со камени плочки и стари керамиди.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ниски, еднокатни стари куќи и веднаш до нив синџир од нови десетокатници го опкружуваат центарот на градот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А тие што знаеја и ја посочуваа старата куќа, каде веќе повеќе од година дена не живееше никој.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Летото повторно, пред да зазрее, без никаков предзнак, се исуши и стариот благун. Крушата која беше засадена со градбата на старата куќа...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вечерта го однесе во старата куќа со триста чардачиња и со меѓувраќе со чкрткави подови и со миризба на тафтабити, каде што имаше собичка тој, а жената, што ги издаваше собите, го прими на стан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го носел и својот маузер, за него многу прикажуваа во селото, Змејко знаеше само за фишеците од таа пушка, што ги наоѓаше по мутлите од старата куќа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе излезам и ќе ги престружам басамаците на старата куќа што се качуваат скоро од уличната врата до мојата соба.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Таа знаеше, добро знаеше, силно веруваше дека големата историја Татко ја беше задржал во своите книги, во рафтовите на библиотеката кои требаа да бидат штитовите на нашето семејство, за големото спасување од историјата, за кое таа немаше моќ вистински и целосно да се спротивставува како Татко со неговите книги.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И кога се вратив, во нашата стара куќа во која Мајка си ја беше вгнездила осамата во залезните години на животот, со насолзени очи, по неколку дена ми рече: - Сине, Бог даде да се вратите живи и здрави од туѓина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мајка, која бришејќи ја насобраната прав врз отворените книги во библиотеката и на чардакот, се чудеше на различните облици на лавиринти и со својата изострена интуиција, насетуваше дека сопругот бездруго замислува ново поместување на семејството, макар што тогаш границите на земјата беа херметички затворени, особено границата зад која остана нашиот поранешен живот, со нашата стара куќа, со роднините.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Никогаш не ни ја откри причината за својата неочекувана одлука да ја смириме судбината и да се засолниме во една стара куќа градена во османски стил, крај реката Вардар, близу еден дрвен мост, недалеку од историскиот Камен мост, кој ги поврзува модерниот, западниот и источниот дел на градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во куќата крај реката се вселивме во првата година по Втората светска војна, во времето на ослободувањето од фашизмот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според нејзиното скришно верување, клучевите требаше да го поврзат семејството со старите куќи, но и со небото, верувајќи во божјиот благослов во новата земја во која се вселувавме.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше јасно дека Татко во градот крај реката која се влеваше во блиското Средоземно Море и беше вистинска раскрсница помеѓу Европа и Азија, ќе се најде на мегданот на големите борби за превласт помеѓу големите европски истории, коишто на траен начин ќе ја обележат балканската историја, но и историјата на неговото семејство во егзил.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Требаше да го пречека Татко попладнето, така што имаше време да се справи со последните османски заемки, според договорот со својот пријател.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Долго не можеше да заспие, од многуте запишани заемки, оживуваа во неговиот сон старите куќи, јавни објекти, сакрални и профани градби, кои жилаво се одржуваа во градот по толкуте природни катастрофи и војни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тогаш како да беше тоа нашиот придружен хор, целата стара куќа учествуваше во песната, во која дотогаш суверено царуваше тишината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се случуваше да потпевне и песна која прострујуваше во старата куќа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така во ноќта на балканскиот покер во нашата стара куќа крај реката Татковата судбина се разграни во два правци: првин беше повикот на пријателството на Климент Камилски и потоа потрагата и откривањето на битолските кадиски списи, познати како сиџили, на кои им остана верен до крајот на својот живот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ноќ е, августовска и ѕвездана. на крај Кукулино гори трошливата и стара куќа на покојниот Осип Крстин. Дури и небото е црвено од високите пламења.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нивното ново засолниште беше во центарот на градот, во една стара куќа на десетина минути од секретаријатот каде што работеа Бојана и Александар.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Училиштето во кое се собираа Биновите ученици беше една селска стара куќа, приспособена со едно приземно сдајче и еден чардак.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да дознаат која беше нашата куќа крај Езерото, каде се родени четворицата постари синови. – Јас си ги вардам клучевите од старите куќи!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Успеав, со големи тешкотии, да се пробијам низ снегот, да стигнам до нашата стара куќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Остануваше никогаш растолкуваната семејна загатка - за тоа што се случило во изминатите пет века отоманско време на Балканот, како дојде по поразот до големата делба, до промената на Бога, до големото гранење на семејството, кога едниот дел по отоманската опсада и победа по цена на смртта ќе замине на другиот брег на морето со старата христијанска вера, со задолжителните врски клучеви на старите куќи во пламен, со по некоја спасена икона и света книга в раце.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сонот го следеше својот тек: и во него први беа скалите, дрвените скали на старата куќа по кои се качува, па кујната со маса наместена како за ручек со шарен извезен чаршав, соларник на сред и четири чинии околу, потоа надесно, кон собата во која спиев со Мајка, таму, веднаш таа-лежи на креветот, до половина покриена со јамболија под која ја насетувам мекоста на крупното тело.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Не се сеќавам точно кога за прв пат се почувствував непријатно во близина на птиците, но сигурно е дека ме плашеа, по малку, уште пред земјотресот, во нашата стара куќа во Маџир Маало.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Еднаш, док бев малецак, у дворот на нашата стара куќа, у нужникот најдов, скриено под даска, едно кесе пуно сос пари.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Со баба ти Родна направивме куќа, трета на Прокопиеви во Куманово, ж`та, со убав двор, во едно сокаче близу старата куќа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Вртиме по некои улички затрупани со подадени стари куќи, готови и тие да тргнат по нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овие војни први ја донесоа границата пред нашата стара куќа, го разделија конакот во кој се примаа непознати патници-намерници.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И велиш ќе се вратиме дома, во старата куќа, ќе ги откриеме жарчињата и ќе го распалиме огништето?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На едно место шумата се разретчи и јас здогледав полјанка на која се забележуваа темели разурнати ѕидови од некоја стара куќа од камен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Каква стара куќа какво Маџар- маало! На нејзино место се оние огромни банкишта, зарем не знаеш?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тие се согласија, меѓутоа за да се случи тоа требаше да се продаде станот во кој живееме и плацот од старата куќа, затоа што тоа ни беше единствениот капитал со кој располагавме и со кој можевме да манипулираме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)