стар (прид.) - крај (имн.)

Овде се држеше настрана од нивните цркви, од нивните културно-уметнички друштва, од проширените семејства кои на игранки какви што во Југославија веќе одамна немаше дури ни по селата, застанати со пиво под сликите на Гоце Делчев, бараа мажи за своите грди дебели ќерки со по две имиња и паѓаа во делириум на секоја песна што ги потсетуваше на стариот крај.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ги има и постари, ги има и млади, одат од група до група, од човек до човек, се поздравуваат зборуваат на некој изменет македонски јазик, употребуваат и некои непознати зборови, штракаат со своите фотоапарати, други ловат со филмски камери сѐ што се случува, за да кажуваат таму, преку големите води како се живее и како се празнува во нивниот стар крај.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Збунетиот пријател од стариот крај би прашал: добро, ако Холивуд не е град, а Лос Анџелес исто така не е град, во кој град тогаш живееш ти?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Мали јата ластовици се креваа нагоре и се спуштаа, повремено зацрцорувајќи, среќни заради повторното враќање во стариот крај.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Дојди овде“, рече Рој. „Треба да ти го допрам челото на вратата од визбата. Тоа е обичај од Стариот крај.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
При што никому од тукашните главатари не му текнува Да поведе сметка и за нас коалите Па на секој новодојденец да му наложи при цапнувањето во Австралија Да засади макар по еден еукалиптус За ние да можеме безгрижно да сонуваме И да си ја исполнуваме својата мислителска мисија А не да ни ги скусуваат соновите и од нашиот еукалиптус Уште да прават и некакви бонбони за шмукање Божем нема со што друго да го лечат народот од грлоболка Ние коалите не сме злопамтила Ама вие сега видете каков тоа човек создала работата И дали е баш вистински човек оној кој на коалите им зема дел од еукалиптусот Таквите во Македонија ги викаат човеци Некои од нив доаѓаат од стар крај со навики да крадат дрва за огрев Ама и кога крадат барем крадат дабови и борови а не еукалиптус
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)