стар (прид.) - клуч (имн.)

Од сето тоа останаа старите клучеви на куќата и пустата надеж на враќањето, кое, беа уверени Татко и Мајка, никогаш не ќе можеа да го стигнат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Постарите браќа безнадежно и тажно гледаа на почетокот како старата брава не ги прифаќаше старите клучеви.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А јас тебе ќе ти нацртам нешто смешно.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Најпосле, кога нашата надеж дека Мајка го има вистинскиот клуч беше речиси при крајот, бравата на капијата прими еден од клучевите и од неа се ослободи спасоносниот звук на отворената капија на нашиот нов живот во градот крај реката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Главатарот ми понуди половина државно богатство (еден стар клуч, две празни конзервени кутии, една сламена шапка и неколку шарени парчиња стакло) ако го развеселам Карамба-Барамба.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)