стар (прид.) - другар (имн.)

Збор по збор, се скараа на лаката старите другари и војводи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе ода долу Тиквешиата, ќе се потпра прво до поп Илија во Бешишча, а он ќе ме ставе со Ѓурлукот, Шаќира и други мои стари другари и дејци од комитлакот, белки не ме имаат заборавено за виа дветри години“, — донесе итриот Ѓуро решение, и така направи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Браво, стрико Никола! - рече Коце - пак ни го пушташ стариот другар.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На крај градот Кукуш, веќе го чекаа неговите стари другари од основното училиште Коце и Тасе, кои веќе три години учеа гимназија во Солун.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Годините го бараа менувањето на местото, исто како што некои стари другари беа заменети со нови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Според слободниот, срдечен начин на кој нѐ поздрави келнерката и се распраша што мислиме за една или за друга работа, гостине од Франција веднаш претпоставија дека ми е стара другарка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Колку згодни нозе имаше ќерка му на стопанот која севезден поттрчуваше кога се качуваше по мермерните скали на старата куќа во еврејското маало! (море, не ќе да поттрчуваше, таа беше ептен флегматична!?) И сѐ така, воздишки и исчудувања, колку извичници, толку прашалници.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Девојката, која едно пладне сосема случајно заталка во муабетот на четворицата стари другари, пред да папса од здодевнст, мигум осозна зошто на времето Фелини снимал такви филмови.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
А само тие знаат колку бргу застаруваат еполетите, како се сушат воздишките и папсуваат погледите, а богами и зошто есента трае до ден-денес
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
СЛОБОДНИ ЛУЃЕ Четворицата стари другари катаден на масата во маалската крчма распостилаат фрагменти од детството.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И ми се случи голема незгода.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Да не бев популарен немаше да ми пријде Анче од VIб.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Здраво, Марко“, ме поздрави така лежерно како да сме стари другари, „се надевам - нема да ме одбиеш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Стариот другар те поздравува; те нема заборавено, објасни тој.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)