стар (прид.) - гробишта (имн.)

Разгранетото дрвце остана да прави сенка над раскопаната дупка, сѐ додека не дојдоа буллдожери да ја израмнат земјата од старите гробишта за нови градби.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Значи, не можело случајно да има смешано коски од старите гробишта.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во близината имало стари гробишта и мала црквичка.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, никој не успеваше да заспие, зашто секого од тие изморени ѕидари и во сонот го настигнуваше она, што се случуваше на старите гробишта.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Коските на долапот растурени како стари гробишта лежат измешани со сенката на оној што некогаш ги створи ги нема бисерите ѕвездени во водите да тежат ни утрото по класјето и ридјето да гори.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Работеа во Грција, градеа некаков санаториум крај маслинките на едни стари гробишта, подалеку од градот, ѕидаа повеќе зданија, а оној работеше на сонцето од сите тие денови, ги дигаше како од шега сите оние огромни блокови делкан камен, а неговата црвена коса како да расцутуваше на сонцето на тоа лето, беше постојано среќен и широко насмеан, со сите нив околу себе, со сите ѕидари и со сите деца, секогаш готов да стори нешто за секого од нив со оние огромни пегави и црвено издамчени рачишта да им помогне, а при тоа и да им се насмее со она свое големо лице, на кое постојано зрееше едно огромно задоволство со себеси и со сите други доста поситни од него луѓе, што се грижеа за него и што го слушаа со задоволство како труби неговиот глас меѓу ѕидовите, среќни со неговата момчешки несмасна шега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со раскопаните гробови и откорнатите дрвја, старите гробишта прилегаа на провалена кртечина од која во бегство е собрано и последното ковче.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)