стар (прид.) - град (имн.)

Додека се кикоти, ги менува кафеаните, девојките, пијалаците – и тој, како и стариот град, е потонат во темнините.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Заедно со нашите Исмет и Марјета (подоцна Исмет ни кажа дека е полковник во пензија и дека воена академија завршил во Киев, дека по караницата меѓу Никита Хрушчов и Енвер Хоџа, бил отстранет од војската и пет години проживеал во логор), ја напуштаме улицата Ананстас Дурсаку и низ преминот што води кон центарот, врвиме по тесни сокачиња, мал остаток од стариот град.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Угрјум-Бурчејев, бивш никаквец. Го сруши стариот град и изгради друг, на ново место.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Протеран во странство во 1821 година.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Како да извираше и како да се креваше од бистрата, мирна езерска вода со безброј чисти, светли души - утрото заигра во воздухот, се крена над стариот град, стегнат од сите страни со дебели ѕидови за миг го искапи, го осветли и го оживеа со својот трепетен сјај.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Еве нè во Бриж, во еден од најубавите стари градови на белгиска Фландрија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во пазарните утра, кога некој селанец ќе му се обратеше некому со прашање кај може да купи лек за своето болно дете, тој го испраќаше на сосем друга страна, кон оној крај што нема аптеки а отаде друг еснаф го испраќаше кон стариот град што се давеше во штавени кожи и лој.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)