стар (прид.) - болка (имн.)

Ова утро се разбудив како нова. Со сите стари болки и гревови, само покриени со убавата насмевка и правите заби. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
На крајот, кога се запозна со ансамблот (со старите и младите, уморените и орните за работа) им кажа дека театарот има прекрасно бифе, а потоа го додаде и тоа дека Оскар Вајлд е негова стара болка и дека е многу среќен што ќе го инсценира неговото дело „Важно е да се викаш Ернест“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)