стаклен (прид.) - витрина (имн.)

Крај нас стоеја големи стаклени витрини, полни со необични предмети; по ѕидовите висеа големи слики што прикажуваа непознати предели, морски луњи, ерупции на вулкани, воени походи.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тогаш мајка ѝ нареди: оваа големата кукла ќе стои во стаклената витрина во креденецот, а со малата можеш да си играш.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Во висока стаклена витрина ги гледав Балзак, Хемингвеј и Достоевски и се обидував да ја отворам. Беше заклучена.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Таа полека се качи кај големата кукла во стаклената витрина, да ѝ се пожали.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Внатре има исто толку светлина колку и надвор и покрај проѕирната завеса, ѕидовите бели како млеко, широк кревет од горната страна на прозорчето, а од другата, стаклена витрина со четири фиоки во долниот дел, долу светнати штици покриени со килимче какво што имаше кај тетка Евдокија во Прилеп, на средина маса со плетена покривка и модра стаклена вазничка со цвеќиња од градината.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тогаш ѝ се стори како и самата кукла да беше почестена - гордо замина во стаклената витрина.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)