среќен (прид.) - од (предл.)

Долго потоа беше многу среќен од нешто необјаснето, толку среќен што му се чинеше дека може сѐ да направи.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Солнцето светло над мене грее и фрла жарок поглед свој, знамето гордо над нас се вее, има ли посреќен од мене кој!?
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
А зар ние сме посреќни од мртвите, вели. 110
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
В пазуви мои срцево пее и јас го славам празников мој, знамето мое гордо се вее, има ли посреќен од мене кој!?
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Беше среќен од помислата што тука бие срцето на пријателството, солидарноста со големиот пат на јагулите, заедно со отсутната душа на големиот пријател, Игор Лозински, спасителот на животот на Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)