среќен (прид.) - пат (имн.)

Колата втаса... Двете сестрички го прегрнаа Гоцета, мајка му го избакна, а пак татко му за среќен пат му спушти во раката златна лира...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Виктор на раце ја качи Ивона во возот, бакнувајќи ја пак чудно во образот, ѝ посака среќен пат со едно големо „Догледање!“ ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кон тоа се приклучи и Саво: - Благодарам Јана за прекрасното изненадување и дружење. Довидување, среќен пат!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нека ни е среќен пат, нам, на ѕвездите скитници!“ „Кога ќе патуваме?“ „Кога ќе ја отвориме касата“, одговори и мислеше: ние, професорите за мали злочини, сме како наследениот коњ, без иднина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Детето без брзање влезе во куќата, а тој сиот столб од нерви и црно месо, виде на хоризонтот лет на ѕвездена опашка и одмавна со глава: среќен пат, скитницо!
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не ги разбуди ни песната на Додо.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Ќе ја откриеме и таа тајна, - одговорив. – Сега најпрвин да им посакаме среќен пат кон некое море на заспаните ловци на робови.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А кога почнале да товарат во запрегите торби, дисаги и вреќи од испосошиени ненужни крпишта, кога се видело дека на пат се носи пченкарно брашно, пресуво, преслабо и пресолено козјо месо, низи кромид, лук и пиперки, сирење, малку помеко од камен, изварка, сол, ракија, суви овошки и којзнае што, и другите освен старците знаеле дека сѐ е пресметано од порано - сиромаштијата не е без разум и кога е без леб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- По домаќиниве ќе плиснеме само вода за среќен пат. Никој, разбирате, солза да не пушти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Среќен пат! - викна човекот, а потоа се сврте кон детето.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Мајка му и татко му го следеа за да се поздрават и да пожелаат среќен пат.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)