среќен (прид.) - мајка (имн.)

Долго време зборуваше турски со својот ѕвонлив цариградски акцент со својата тогаш среќна мајка, последна утеха по нејзините неостварени илузии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
ЛЕНА: Има и среќни мајки.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Да, и ние децата, со среќната мајка и нашето братче, со нашето козле, не знаевме дали летаме кон небото или нѐ задржува земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од утре, господине, слободно забрзајте кога ќе го минете мостот.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
- Честитам госпоѓо, за шест месеци ќе бидете среќна мајка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)