среќен (прид.) - иднина (имн.)

Ноќе зјапавме во небото скокавме во мислите од ѕвезда на ѕвезда и јас како постар ѓоа те подучував дека патот до среќната иднина е поплочен со светнати ѕвезди.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
- Подигна рака, покажа на олтарот и поместувајќи ја од лево кон десно, рече со наслада: - Туа, пушиш, Тито, со цигарата о р’ка и со ена пишчола, на, до туа, д’лга ем голема - таа се удри по колкот - а од левата страна Ленин, со подигната рака, на пролетаријатот му го покажва патот кон светлата и среќната иднина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Камилски со восхит и замислено го следеше Татко, во неговата свест се будеше сорбонското време кога пред тогашните големи авторитети ја бранеше среќната иднина на детето преку неговото воспитување.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски ги гледаше занесно и гордо своите книги, им се радуваше како на свои чеда кои беа во длабок сон преку ѕидот исполнет со книги, и тој, како Татко, настојувајќи пораките од собираните книги да влијаат на среќната иднина на неговите деца на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И двата лика се извонредно и суптилно извајани.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како што Климент Камилски не можеше да има среќна иднина во тогашната југословенска Македонија, да го добие своето високо место во хиерархијата на повоената власт во Народна Република Македонија, со оглед на својот деклариран просоветизам, тој дури и невин одлежа строг затвор, така и Татко со својата османскотурска диплома по правни науки и албанското емигрантско минато, кој можеше да смета на висока позиција во хиерархијата на власта на нова Турција, не можеше да смета на позиција во новото југословенско комунистичко општество.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но крајната цел им беше: како да се обезбеди за нивните потомци мирна и среќна иднина, со изговор дека нивното веќе минало и единствената смисла на животот е во спасот на децата...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но крајната цел им остануваше како да се обезбеди за нивните потомци мирна и среќна иднина, со изговор дека нивното веќе минало и единствената смисла на животот е во спасот на децата...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
VII Кога се разделија Татко и Климент Камилски во доцната ноќ, и кај обајцата зајакнуваше убедувањето дека ќе најдат нови методи како да ги обединат книгите од нивните библиотеки за среќната иднина на нивните деца на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- За таа наша љубов знаеја сите, дури и нашите родители и ни предвидуваа богата и среќна иднина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
15 И продолжувам. Ништо не пропуштам. Зборувам за социјализмот, за менталитетот, за колективизмот, за колективното ние наместо индивидуалното јас, за тоа ние кое никогаш не ја снесува одговорноста, во името на кое со години се ветувала среќна иднина, во името на кое денес се коле...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Расте бројот на зависниците од опојките на минатото.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Пред библиотеката Виеуссеау во Фиренца Еуџенио Монтале и позира на среќната иднина и го спитомува во погледот сето време што го знае.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
За да ги задоволиме желбите на нашата среќна иднина, понекогаш летнуваме и подалеку од сонцето. Но без крилја – одговори загадочно старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој остана видливо збунет од зборо­вите на партискиот секретар, кој прв му проговори: – Добредојдовте, браќа селани, градители на нашата среќна иднина на нашето бескласно општество.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сите чекореле во среќната иднина и броеле до сто и еден и назад И ќе чекореле се понапред ќе чекореле додека не си ги видат раширените вени
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Зборот брана - забраната која што планерите на среќната иднина планираа да ја извишат на реката како балкански ѕид за јагулите на нивниот пат кон морето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Италија ќе има среќна иднина со нас! – Што можел друго да рече.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)