среќен (прид.) - време (имн.)

Изнасади непознати семиња кои ги добиваше од своите во Цариград, расцути дотогаш непознато билје со чудесни бои во градината крај Езерото, правејќи ја реална илузијата за некогашното среќно време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Макар што немаше луѓе, ни поп, ни брави за курбани, ни брашно за погачи, ни вино ни ракија како и порано во среќно време, старците и бабите што се прибраа од збеговите пак дојдоа в црква да запалат по некоја свеќа или пак да се прекрстат пред иконата на свети Илија да ги има во раката нивните мили и драги што беа затворени во тврдината на Пешта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
” Погледнете ја оваа соба - низ прозорците не се гледа ништо.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Неговата фирма во оние среќни времиња работеше во Алжир и Мароко.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Со каталогот, сакаше да си го врати времето кога беше среќна, времето кога ние, децата, го вративме каталогот, илузијата за среќното време.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во меѓувреме Хичкоковата популарност сѐ повеќе растеше: тоа беше едно од оние среќни времиња кога публиката беше потполно во право.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)