среќен (прид.) - враќање (имн.)

И така, сонот на моето среќно враќање во родната земја се судри со морничавоста на идеологијата која не престануваше да ги меле човечките души и животи и се закануваше да достигне до синдром на невидено жртвување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За мајка ми, пак, тоа беше среќно враќање на татко ми од книгите во животот, а за нас децата за­вршуваше најубавото време на светот, времето на ко­зите...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ервехе откако си ја поврати душата по среќното враќање кај своите преку границата, врвеше по истиот пат со своето ќеркиче, уште похрабра, со своето семејство во себе, уверена дека повеќе никогаш нема да го напушти, дека границите колку и да се излезени од пеколот ќе ѝ се смилуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)