среќен (прид.) - бев (гл.)

Се пееше, се прераскажуваа приказни, среќна бев кога пеев, а и приказни знаев најмногу од сите, знаев и умеев да ги раскажувам, бидејќи сум ги читала.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Му го посветувам на Владимир Георгиевски Среќен беше Сликарот, професорот по Убави уметности од Скопје, што го диши воздухот на Истанбул (некогашната престолнина на големата турска империја).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Колку бев среќна, колку бескрајно среќна бев!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бевме среќни што нашата коза е оплодена, ќе ни роди козле, но нај­среќни бевме што се спаси, без последици, од силната прегратка на Сталин.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Перса ликуваше што сепак се исполни она што го посакуваше, но, се разбира, среќна беше и Пелагија што ги гледа кумовите и нивните деца добро нахранети и добро облечени.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Особено среќна беше учителката Славка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)