сребрен (прид.) - огледало (имн.)

Татковите книги, нејзиниот каталог на Ла Ринашенте, врската со клучеви, сребреното огледало, заборавените знамиња, како да го беа примиле отпечатокот на Мајкината душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Само кога ја заштитуваше со средства против молци, си ја облекуваше, се гледаше на сребреното огледало, што го наследи од својата мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тие две дамнешни патувања, првото во Грција, во Јанина и во Солун, а второто, во Италија, со Татко, се обидуваше да ги задржи како мигови на вечноста во себе, сосе реликвиите кои не престануваше да ги носи со себе, какви што беа нејзиното сребрено огледало, наследено од мајка ѝ која никогаш не ја видела, каталогот на стоковната куќа Ла Ринашенте и, сега, овие три заборавени знамиња на некогаш­ни­те држави во војна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)