спротивен (прид.) - начин (имн.)

Според Милер, најособеното формално својство на бродвејскиот мјузикл е наизменичноста на драмата и музиката, на говорот и пеењето, што не само што создава неприродно тесен спој на тие два мошне спротивни начина туку и содржи нагли и намерно дезориентирачки пресврти од едното кон другото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-критичарите можат да пекаат по наводниот хетеросексизам на класичниот мјузикл, но овие претстави нудеа раскошен свет во кој желбата можеше да тргне во разни насоки и тие можеа истовремено да се читаат на навидум спротивни начини. (10, 47, 246, 282) Бродвејскиот мјузикл е „најнелогичната од сите уметнички форми“, според Клам (xii) – токму како што операта е најелектризирачката.127 Музичкиот театар е „најнастраната од сите уметнички форми, онаа во која родот е најјасно изведба што може да се експлодира или радикално да се измени, тој е формата во која на сѐ може да се гледа како на дрег.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Системите можат да бидат многу прости, како броењето од еден до десет, што исто е нарација. The falls за мене е пример за спротивниот начин, и дејство.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)