спакуван (прид.) - куфер (имн.)

Лука Карер пристигна во првата квечерина и ги најде како тој, жена му и трите деца, го очекуваат во нивата куќа, со спакувани куфери, подготвени за скорешното заминување под закрила на ноќта.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Куќата ја напуштаа како да одат на кратко патување, а не во егзил со непознат крај.  „Сè ќе биде добро”, изговори Карер, повеќе за да си ги успокои разбрануваните емоции и да ја пополни непријатната тишина.  „Тоа го знае само Оној што нè гледа и во оваа темна ноќ”, рече рабинот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)