социјалистички (прид.) - време (имн.)

Тој некако необично и чудно се беше обогатил во социјалистичкото време и за разлика од многумина кои на ист начин се обогатија и страдаа, нему ништо не му се случуваше, имаше многу пари, а некогаш немал, копук, за разлика од тројцата стари играчи, кои некогаш имале, а сега немаа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Навистина успеав да ја изнасмеам но и да ја одоброволам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Продолжив како судија и во царско и во социјалистичко време, на Балканот...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Многу бурни времиња и војни протатнеле низ градот: првин балканските, па двете светски војни и, сега, израмнувачкото социјалистичко време, со своите милитантни пароли, како посебен украс на градот...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Живеевме во убавото социјалистичкото време без надостатоци, освен наследените.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)