социјален (прид.) - однос (имн.)

Со својата света неприкосновеност ги регулирала меѓучовечките и социјалните односи, ги прочистувала срцата и душите, го крепнела менталното здравје на луѓето, нивната вера и надеж во бога, во сполуката во бојот, во вредностите и вечноста на човека.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од една страна уметничкиот прогрес секогаш бил во непосредна врска со прогресот на науките и социјалните односи во едно општество.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тоа значи ефектите врз нивните емоционални состојби, односите со семејството и со врсниците, социјалните односи и односите на работа, и т.н., со посебно акцентирање на тоа какво е влијанието врз нивниот “поглед” на самите себе и односите со другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Екстернализирачките разговори се иницираат со поттикнување на индивидуите да дадат опис на ефектите на проблемите врз нивните животи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Компјутерската технологија и интернет, алатки кои беа успешни во слабеењето на историската врска помеѓу близината, темпоралноста и социјалните односи, беа употребени за соочување со светот на физичките граници и „пасошки хендикеп“: 67 Fran Ilich, “Ready to Delete the Border”, Wired News, (23 Au- gust, 2003), http://www.wired.com/news/culture/0,1284,­ - 46234,00.html 52 “Границата е еднострана, само кога одите од Мексико во САД.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Длабоко навредените, оскрбените, грешниците, покајниците, осамените, јадосаните, очајниците, неутешените во љубовта и во загубата на најмилото, луѓето исправени пред неизвесноста и ризикот на следниот чекор, животните корабокрушеници, - сите, сите доаѓаа тука и на дивината наоколу, на небесата над Потковицата, на овчарите и на случајните намерници, лелекајќи гласно им ги доверуваа своите тајни и несреќи, своите болки и загуби, своите намери и решенија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
67 Хактивисти, киберуметници, гранични активисти и музичари се обидоа привремено да ја избришат (или барем да ја суспендираат) границата Тихуана-Сан Диего, со Java аплети, скенирање портови, радио, микробранови, ISDN, комуникација лице- во- лице, технолошки работилници, презентации, музички настани.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)