социјален (прид.) - контакт (имн.)

Тие ја разоткриваат неточноста на големата „фикција“ на националната држава како етнички, расно, јазично и културно хомогена.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Социјабилноста во Хундертвасеровите проекти е препознатлива не само во инсистирањето за повторно воспоставување на „троединство“, акционистички тип на станоизградба, оставањето на волја на станарите да ја (пре)уредуваат својата околина, еко-димензиите во неговите проекти, туку и во тоа, со максимално зголемување и функционализација на јавните површини во зградата, да се предизвикаат социјални контакти помеѓу станарите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Покрај тоа, погранични зони се под влијание на - а понекогаш и ги споделуваат - вредностите, идеите, обичаите и традициите на своите еквиваленти од другата страна на границата: „Границите ги делат луѓето кои живеат на двете страни, кои можеби имале долга историја на културни и социјални контакти, но во исто време тие нив ги обединуваат во искуството на блискост до границата и (делумна) зависност од неа“.70 70 Michiel Baud and Willem van Schendel, “Toward a Comparative History of Borderlands,” Journal of World History 8.2 (1997): 242. 56 6. 1 Привремени народи, раселени заедници Во пост-индустрискиот и сè поглобализираниот свет, веќе не можеме да се потпреме на единството, хомогеноста и заштитата „на дискретно ограничени нации, заедници, држави, идентитети и територии“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)