соседен (прид.) - двор (имн.)

Некаде од соседните дворови долетаа уште три-четири врани, се спуштија на крушата и силно загракаа: - Гра! Гра! Гра!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Потоа се шмугна во соседниот двор и го фрли парчето врз покривот од ниската шупа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Мајка му излезе од дома. Зема од шупата една малечка скала и се упати кон соседниот двор.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Во соседниот двор истрча едно дете.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Врапчето се издигна зашеметено над трендафилот, збунето полета в десно па в лево и го снема меѓу дрвјата на соседниот двор.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И соседните дворови беа пусти.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Но тоа ја налути Стана па силно ја потргна мачката за опашот. - Мјау-у! - Мјау-у! - жално списка мачката се истргна од рацете на лошото девојче и побегна дури во соседниот двор.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Оттука се гледаше целиот двор, дел од улицата и соседниот двор.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Бегај дома... Нема ништо полошо од разлутено улиште...” му вика од соседниот двор Којо Пипиле кој пред извесно време и тој се врати дома, зашто остана без работа, бидејќи газдата Вајс, сакајќи да се ослободи од жена му Хера, го продаде Пансионот и отиде во Дом за слепи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во тоа време гравитиравме околу Галерија 7 - која беше главно собиралиште на сите анархисти, параноици, SF-фрикови, луди поети, софистицирани криминалци, дегенерирани академци, филозофични еснафи, локални мутанти, несфатени педери и лезбејки, дрогераши, идни министри, префинети заводнички, евтини проститутки, агенти на CIA, опозициони заговорници, шизофрени мистици, подздебелени циници, фантомизирани кавгаџии, трговци на ситно, дилери со дрога, забегани научници, еротизирани тинејџерки, егоцентрични рокери и турбулентни панкери, кодоши на Удба, просјаци и по некоја заскитана кокошка од соседниот двор. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 24
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
За малку, само за да влезе во соседниот двор, пак полн со врева и движења, движења.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во соседниот двор некој гласно се плискаше со вода искажувајќи го своето задоволство со тромаво, длабоко - охо-хо-о!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во соседниот двор, под липата, си играат: Билјана, Марика и Јанка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)