сопрански (прид.) - арија (имн.)

Тоа на италијански значи „Вратете се победоносни!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“ или „Вратете се како победници“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А ако случајно не сте сфатиле, упатува на великата сопранска арија од првиот чин на Вердиевата опера од 1871 година, Аида.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вистина е, за да ја сфатите алузијата, треба да имате многу повластено потекло или да сте растеле во италијанско или во уметничко домаќинство, каде што сте слушале опера или сте оделе на опера – или треба да сте поминале низ воведување во машка геј-култура која, иако можеби си се претставува како аристократија на вкусот и иако можеби си се идентификува со некаква општествена елита, со луѓе што одат на опера, сепак, во смисла на своите припадници не е баш ограничена на припадници на повисоките класи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во практика, кампот и убавецот честопати можат – како што и бидува – да се совпаднат. ‌А од тоа може да излезат некои нови, невидени културни ефекти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во еден кожњачки бар во Мексико Сити, по име Кај Том, каде што отидов летото 2006 година, на екраните без звук се прикажуваше геј-порно, а од звучниците трештеа сопрански арии од велики опери.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Накратко, естетизмот зависи од претставата за хиерархија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Колку и да не е соодветна таквата претстава во една демократска или егалитарна етика, хиерархијата си има место што ѝ припаѓа, и тоа неизбежно место, во доменот на естетиката.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ниту едно човечко суштество не може да заслужува достоинство што се добива по цена на нечиј срам, но тоа не значи дека секој има право да ја пее „Каста Дива“ (сјајната сопранска арија од првиот чин на Норма од Белини) и дека секоја нејзина изведба е еднакво добра како сите други – ништо повеќе отколку што значи дека сите со кои ќе се разминете на улица се еднакво згодни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)