сончогледов (прид.) - поле (имн.)

Таа ми раскажува, а јас запишувам: намуртено збрчкано чело значи дека сонувала песочна бура што затрупува нечија колиба; изговарање на моето име значи дека сонувала пожар во сончогледово поле; помрднување на левото крајче од усните во вид на блага насмевка значи дека сонувала глутница волци што ѝ пее приспивна песна...
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во подрумот, на скришно место, за не дај боже и за зимница во тегла си чувам - конзервирани сонценца: Првото за украс - на знамиња и слики, вез и масло на платно, прекршено во бранови и над сончогледови полиња.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)