солунски (прид.) - трговец (имн.)

Човекот застана пред стражарот, кој го вардеше битолскиот затвор и се претстави: - Јас сум солунски трговец.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Повеќето ја преспаа прикаската за зеленобрадиот господар на солунскиот трговец Арон. Заспав и јас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше покриен со јагнешка кожа преку глава. И не само тој.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И Гоце почна да се смее... - Гоце, Гоце, што правиш? Си играш со главата? - го прекори Даме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- В затвор? Што направи вака? - Да... Денеска сум богат солунски трговец.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Итрите солунски трговци се надмудруваат, како да ги привлечат муштериите, и да им стуткаат стока во рацете, по „багателни“ цени.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Стражарот го пријави трговецот кај мудурот (управникот) на затворот и овој нареди да го пуштат.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)