солунски (прид.) - еврејство (имн.)

Се надевам дека „Светилката за Ханука” ќе преосветли дел од тревожните настани, масовните, а посебно индивидуалните човечки драми што одбиваме да му ги препуштиме на мракот на заборавот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Shabbat Шабат, ден посветен за молитва во кој не смее да се работи никаква физичка работа со оглед дека во Библијата Господ го означил како ден на одмор Shadhan шадхан, проводаџија во еврејска средина на хебрејски јазик
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За штедрите, брзи и точни информации и за помошта во расчистување на дилемите што ми се јавуваа во текот на работата, особено му благодарам на Пол Хагуел од Солун, доктор на науки по електротехника и компјутерски науки и на значајни трудови од таа, но и од областа на историјата на солунското еврејство, кој ме снабдуваше со електронски изданија на книги и текстови на грчки, шпански и англиски од историјата, духовноста и етнографијата на Сефардите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Техијат Јисраел ционистичка организација организирана од солунското еврејство Tisha Beav деветтиот ден од еврејскиот месец Ав, ден на пост и сеќавање на уништувањето на Првиот и на Вториот храм Torah корпус на Мојсеевите закони дадени во Петокнижието, првите пет книги на Библијата и во поширока смисла Библијата како целина
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Романиотите говореле на грчки јазик Sephardim Евреи по потекло од Шпанија и Португалија со говорен јудео-шпански јазик (judeo-espagnol) или ладино.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)