современ (прид.) - научен (прид.)

Поновите истражувања, засновани на современиот научен пристап на личноста, во многу што успеаја да го тргнат велот на тајната од творештвото, но и понатаму го поддржуваат ставот дека творештвото, првенствено уметничкото, во суштина е абнормална состојба, бидејќи во моментите на интензивно вдахновение ги има сите карактеристики на присилно невротично дејство, кога творецот чувствува дека извесни идеи му се наметнуваат со некоја натприродна сила така што делото не е сосема негово туку и на некоја мистична сила која му го диктира стихот (Блејк), мелодијата (Моцарт), линијата или обликот (Микеланџело), коишто треба да се извлечат од дотогаш неорганизираната материја и да им се даде форма.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Овие придобивки, а особено дијалектичкиот метод, ги усвои дијалектичкиот материјализам како единствен современ научен светоглед.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Нема сомневање дека современите научни испитувања, особено оние на полето на науката за мозокот, наведуваат на тоа дека токму тој орган на некој начин ја крие тајната на духот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од друга страна, прифаќање на материјализмот (читај физикализмот) самото по себе не значи и решение на загатката.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Затоа не е случајност што токму просветителството со своите технолошки откритија (сецирање, анатомија, оптика, микроскоп) влијае на современите научни, а во допир со нив и уметнички техники, па можеме да го сметаме како прв претходник на современите вештачки пејсажи, автомати за анимација, визуелни направи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)