современ (прид.) - општество (имн.)

Со нејзината теорија за „растот на социјалното“ и намалувањето на јавниот простор во модерноста, претставена во „Човечката состојба“, Арент застапува нагласено антимодернистички став: модерноста доведува до губење на јавниот простор преку остра поделба на современите општества на тесно политичка сфера од една страна, и економскиот пазар и семејството од друга.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Од друга страна, Хабермас јавната сфера не ја гледа агонистички како простор за конкуренција/натпревар меѓу политичката елита; Хабермас има подемократско гледање на јавноста како сфера каде што оние врз кои влијае државната политика може да придонесат за нејзино формулирање, преку „слободен и неограничен дијалог меѓу разумни поединци“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Подоцна во текстот Модернитет и амбивален­ција анализирате дека стануваме „инхерентно не-самодоволни ентитети” во нашата приватна зависност од експертите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Ко не пије боље да га није” гласеше една мудрост од северното соседство и оваа мисла јасно укажува на улогата на пиењето у современото општество.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во делото Слобода, Вие докажувате дека современото општество се интегрира со помош на слободата (потрошувачката слобода), а не со помош на репресија на слободата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)